Детски Роденденски Торти

Детски роденден во време на КОВИД – 19 – Како да го прославите роденденот на вашето дете во ограничени и безбедни услови?

Во време на КОВИД -19, кога повеќето групни собирања и прослави се забранети или не се препорачуваат, сепак роденденот на вашето дете не треба да биде заборавен или ставен во сенка на овие случувања.

Можеби сте разочарани бидејќи роденденот на вашето дете е баш во овие моменти кога се препорачува социјална дистанца, но постојат многу начини како да го направите овој ден посебен за него.

Ние направивме листа на активности и идеи за вас кои можете да ги ставите во распоред на роденденот на вашето дете со цел денот да му биде прекрасен и возбудлив, без да му недостасува забава.

Детскиот роденден мора да има тема и декорација

  • Доколку веќе имате идеја како да го декорирате вашиот дом по повод роденденот, не чекајте поставете ја вашата декорација, уште утрото пред да стане од спиење вашето најмило.
  • Користете балони, бидејќи децата ги обожаваат. Можете да ги поставите во неговата соба додека спие и да му приредите едно возбудливо будење на денот на неговиот роденден, а можете и да ги закачите насекаде во домот. Балоните се впечатлив начин за декорација а можат и да се користат за играње игри во текот на денот.
  • Еден ден претходно, тајно, побарајте информации од сите во семејството да посочат што најмногу сакаат кај славеникот. Запишете ги тие комплименти на лепливи ливчиња со посвета и истакнете ги на видливо место во домот пред славеникот да се разбуди.

Вклучете ги пријателите и поширокото семејство

  • Можеби мораме да одржуваме социјална дистанца, но технологијата ни дава можности како да се дружиме онлајн затоа во исчекување на роденденот, побарајте од поширокиот семеен круг и пријателите да снимат видео порака за вашето дете со честитка за роденденот. Истото можете да го побарате и од родителите на неговите другарчиња.
  • Доколку имате техничка можност, направете Zoom повик или друг вид на групен видео разговор со пријателите и фамилијата и сите заедно пејте ја познатата песничка Happy Birthday.
  • Во случај да имате двор, вашите пријатели и фамилијата можат да поминат и да остават подароци или да испејат песничка Happy Birthday во дворот, без притоа да се групираат и да ги почитуваат сите препорачани мерки.

Направете си да ви биде забавно на роденденот

  • Играјте детски игри со потесниот круг од семејството, направете го денот забавен.
  • Подгответе посебна облека за целото семејство, да изгледате прекрасно и во тон.
  • Излезете на пикник во парк во текот на денот или направете прошетка во природа.
  • Изберете долгометражен цртан филм кој ќе го гледате специјално тој ден и не заборавајте да подготвите пуканки.
  • Побарајте мислење од вашето детенце, како сака да го помине денот.
  • Не заборавајте да се сликате и да се снимате.

Храната мора да биде посебна

  • Започнете го денот со омилениот доручек на вашето дете, по можност со посебна декорација.
  • Изберете кој ќе биде главниот оброк тој ден, дали ручекот или вечерата и згответе нешто посебно.
  • Потрудете се менито да биде различно и невообичаено со некој интересен додаток.
  • Не заборавајте да порачате вкусна декоративна торта од ЗАФИР со омилената тема на вашето дете.
  • За вечера направете некоја ужинка, а уште подобро е да го вклучите славеникот да ви помогне во тоа.

Сега кога веќе знаете како да го направите роденденот на вашето дете забавен во текот на целиот ден, време да порачате торта од ЗАФИР.

Побарајте понуда за детска декоративна торта од ЗАФИР и дозволете нашите професионалци да го направат денот на вашето дете посебен. Доставуваме во цела РСМ, а во изминатите 25 години имаме направено над 3.000.000 торти.

ПОБАРАЈ ПОНУДА ЗА ТОРТА

We're On Instagram
Една грандиозна и впечатлива свадбена торта 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake
Кој може да одолее на оваа прекрасна свадбена торта 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Нешто ново и уникатно 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake #birthdaycake
Уште една модерна свадбена торта 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Нешто модерно и уникатно 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Една впечатлива свадбена торта кој ги плени сите погледи 🤩 😍Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Свадбена торта со ноти од природата 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Бела нежна убавица 🤩😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ
This error message is only visible to WordPress admins
There has been a problem with your Instagram Feed.