Newyork Cheescake

Њујорк Чизкејк низ времето – од грчкиот остров Самос до срцето на Скопје

Чизкејкот е еден од омилените десерти на луѓето ширум светот. Додека многумина претпоставуваат дека потекнува од New York, всушност потекнува од сосема друго место, многу поблизу до нас. Да се вратиме во времето пред повеќе од 4.000 години во античка Грција, нашиот јужен сосед. Земете парче Чизјкејк со солен карамел од ЗАФИР и научете сè за богатата историја на овој десерт.

Како Чизкејкот патува низ светот?

Првата „торта со сирење“ можеби е создадена на грчкиот остров Самос каде антрополозите ископале калапи за сирење кои датирале од околу 2000 г.п.н.е. Во Грција, чизкејкот се сметал за добар извор на енергија и постојат докази дека бил сервиран на спортистите за време на првите олимписки игри во 776 година п.н.е. Познато е дека грчките невести и младоженци користеле торта од сирење како свадбена торта.

Кога Римјаните ја освоиле Грција, рецептот за чизкејк бил само еден плен на војната. Тие го модифицирале вклучувајќи мелено сирење и јајца. Овие состојки се печеле под врела тула и се служеле топло. Повремено, Римјаните ставале сирење и во пециво и ја нарекувале својата торта со сирење „либума“ која се служела во посебни прилики.

Како што Римјаните ја проширувале својата империја, се ширел и рецептот за чизкејк. Во Велика Британија и Источна Европа започнале да експериментираат со начини да направат свои уникатни верзии на чизкејкот. Кога Европејците имигрирале во Америка, тие ги донеле и своите рецепти за чизкејк со нив.

Оригиналниот New York Чизкејк

Околу 1900 година жителите на New York биле вљубени во овој десерт и секој ресторан имал своја верзија на чизкејк на своето мени. Њујорчаните оттогаш се натпреваруваат со целиот свет фалејќи се дека имаат оригинален рецепт, а најзаслужен е Арнолд Рубен (1883-1970) за создавањето на препознатливиот „New York Cheescake“. Тој е роден во Германија и дошол во Америка кога бил мал. Приказната вели дека Рубен бил поканет на вечера, каде домаќинката служела пита со сирење. Наводно, тој бил толку заинтригиран од ова јадење што експериментирал со рецептот додека не го создал познатиот „New York Cheescake“.

Чизкејк низ целиот свет

Секој регион на светот, исто така, има свој став за најдобриот начин за правење десерт. Италијанците користат сирење рикота, додека Грците мизитра или фета. Германците претпочитаат урда, додека Јапонците користат комбинација од пченкарен скроб и белки од јајца. Постојат специјални торти од сирење кои вклучуваат сино сирење, морска храна, зачинети чили, па дури и тофу! И покрај сите варијации, главните состојки на популарниот десерт – сирење, пченица и засладувач – остануваат исти.

Во Македонија го имаме чизкејкот од ЗАФИР кој е изработен според рецепти и технологија на старите мајстори од Њујорк, со основен вкус добиен од јајца и сирење со дискретно додаток од ванила и лајм. Тимот на ЗАФИР пред многу години беше на обука во Њујорк од каде ги донесе тајните на најпознатиот чизкејк во нашата земја. Затоа сега имате можност да ужувате во вистинскиот вкус на Њујорк Чизкејк и кај нас, печен во сад со вода (немојте да го пробувате ова дома).

Newyork Cheescake

Без оглед на тоа како ќе го исечете, чизкејкот е навистина десерт кој го издржа тестот на времето. Од најраните забележани почетоци на Самос пред повеќе од 4.000 години до моменталниот иконски статус ширум светот, оваа кремаста торта останува омилена за сите генерации.

Повелете во ЗАФИР и уживајте во Њујорк Чизкејк со солен карамел, Њујорк Чизкејк со вишна, Њујорк Чизкејк со шумско овошје или Њујорк Чизкејк со чоколадо. Ние немаме омилен бидејќи навистина е тешко да се одлучиме кој е најдобар!

Newyork Cheescake

New York Cheescake

We're On Instagram
Една грандиозна и впечатлива свадбена торта 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake
Кој може да одолее на оваа прекрасна свадбена торта 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Нешто ново и уникатно 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake #birthdaycake
Уште една модерна свадбена торта 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Нешто модерно и уникатно 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Една впечатлива свадбена торта кој ги плени сите погледи 🤩 😍Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Свадбена торта со ноти од природата 😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
Бела нежна убавица 🤩😍 Побарајте понуда на www.zafir.com.mk #zafir #cake #zafircakes #инстаграмџии #торти #слаткарница #зафир #photooftheday #uniquecake #weddingcake #decorativecake #girlscake
ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ
This error message is only visible to WordPress admins
There has been a problem with your Instagram Feed.